Иако се разведе пред шест години, Џенифер Анистон понатаму се соочува со прашањата во врска со Бред Пит и неговата жена Анџелина Џоли.
Актерката вели дека со текот на годините слушнала многу трачеви за себе, но најлошите дефинитивно се поврзани со поранешниот сопруг и тој љубовен триаголник.
-Тој триаголник во кој сум вклучена ужасно ме нервира. Постојано се пишува за тоа и имам чувство дека така ќе остане долго време, вели Анистон.
Актерката веќе девет месеци е во врска со Џастин Теру, а откри и што бара кај партнерот.
-Кога кај партнерот ќе го пробате сето она што не го сакате, критериумите малку ќе ви се симнат, вели Анистон.