Прдни да ти кажам кој си!
Пристоен – прди и вика пардон.
Циник – прди и те гледа во очи.
Џентлмен – и дозволува на дамата прва да прдне.
Гурман – прди од задоволство.
Чувствителен – прди и вика „Ох“.
Идеалиста – прди од убедување.
Сентиментален – прди и мисли како би било добро да не прди.
Наивен – прди и мисли дека направил големо дело.
Убаво воспитан – пред да прдне, моли за дозвола.
Реалист – го смета прдењето за нормална појава.
Нетрпелив – едвај чека да прдне.
Егоист – прди само за себе.
Песимист – уште не прднал, а веќе мисли дека се посрал.
Дволичен – прди и прашува кој прднал.
Дискретен – прди и вели „може ова да остане меѓу нас?“.
Колегијален – дава прилика и другите да прднат.
Сноб – прди само во добро друштво.
Глумица – прди и чека аплауз.
Спортист – ако некој прдне еднаш, тој ќе прдне два пати за да го сруши рекордот.