И тоа со Lamborghini вредно милион евра, што не изненадува, бидејќи само во клубот Реал Мадрид годишно заработува 12 милиони евра, дополнително од спонзорски договори, модна линија…
Економската кризакоја го зафати целиот свет, воопшто не допира до португалскиот фудбалер Кристијан Роналдо, бидејќи за 27–от роденден си подари уникатен автомобил со неговиот потпис “CR7”, истиот оној кој стои и на неговата модна линија.
Роналдо е познат како љубител на брзи и скапи автомобили, а најновото “Lamborghini” има забрзување од нула до 100 километри на час за импресивни 2,9 секунди. Под хаубата има мотор од 700 коњски сили.
Познатиот фудбалер на Реал Мадрид во својот возен парк има две “Bentley”, четири “Audi” , два “Mercedes”, по еден “Аston Мartin”, “Maserati” и “Porsche”!
На тренинг доаѓа со едно од луксузните Audi, бидејќи овој авто гигант е еден од неговите спонзори.