Откако изјави дека имал проблем со алкохолот, дури и за време на снимањето на Хари Потер, Даниел Редклиф призна и дека со голем дел од обожавателките имал секс за една ноќ.
22-годишниот Даниел открива дека е многу нервозен кога станува збор за авантура за една ноќ, бидејќи смета дека следното утро ќе мора зборува со нив, а тој дел е малку непријатен. Впрочем, тој преферира да ја запознае девојката пред да завршат во кревет.
“Бев многу нервозен околу целата таа работа. Сакам некој да ми се допадне пред да легнеме заедно. Морате да разговарате нешто и по сексот, иако можеби се работи за авантура за една ноќ. Мислам, ми се случило тоа, но генерално земено, јас секогаш ги познавам девојките што ги носам во кревет. Освен неколку пати кога сум бил под силно влијание на алкохолот”, изјавил Редклиф.