Познатата пејачка Лејди Гага на конференцијата во училиштето Bretwood во Лос Анџелес открила дека боледувала од булимија кога била тинејџерка.
Пејачката одговорила на прашањето на ученик за своето тело и несигурности.
“Постојано повраќав во средно училиште. Не бев сигурна како сега, сакав да бидам слаба како балерина, но јас сум сепак една крупна италијанка лиј татко прави кофте и тестенини секоја вечер”, признава пејачката.
Гага по ова им кажала на учениците дека само треба да разговараат со некој за своите несигурности и дека мораат да најдат некој кому му веруваат.
“Тежината е една голема борба. Секој видео запис кој ќе го направам или насловна на списание, тиа прават да изгледам совршено, тоа мора да престане. Таков начин на претставување на познатите чичности мора да престане да ги уништува децата”, изјавила Гага.