Ние жените имаме потреба од одредени видови храна за да се грижиме правилно за своето тело, увавина и здравје. И за да имаме затегната кожа, силен имунитет и добар вид. Погледнете кои се најполезните храни за жената кои треба задолжително да ги вклучи во своето мени:
Јаболкото – го засилува имунитетот и содржи антикарценогени супстанции, кои докажано се едни од нај моќните.
Леќата е мошне богата со железо, а сите ние знаеме колку е важна неговата улога за здравјето.
Млечните продукти за коските – калциумот е клучот кон превенција на остеопороза и убавиот изглед на вашите заби.
Брокулите се борат со брчките – брокулите имаат мошне значајна улога во производсвото на колаген, кој од своја страна е основниот фактор кожата да се запази еластична и млада. Учествува и во процесот на заменување на старите клетки со нови. Неверојатно полезен зеленчук, не го заборавајте никако!
Компирите ни ги обезбедуваат полезните јаглехидрати, но веројатно ви текнува дека не станува збор за пржени компирчиња, што сите многу си ги сакаме, туку за варен или печен компир.
Црната чоколада – поради високата концентрација на какао и фенолите во него игра значајна улога за целокупното женско психичко и физичко здравје, како и добриот изглед на кожата. Знаете дека е прекрасно средство против стрес и депресија!
Авокадо – авокадото често го нарекуваат еликсир на младоста, а кај нас долго време не беше познат…но сега веќе го има насекаде, а е навистина мултивитаминска бомба која ќе придонесе за здрави нокти, коса и кожа.
Печурките – ни обезбедуваат антиоксиданти кои се борат со раковите клетки. Особено со ракот на градата.
Житариците – пребогати се со витамините од Б групата, без чие присуство организмот не може да функционира како што треба.