Сурова забава за туристите во Тајланд! Деца во ринг се тепаат до крв, само за да заработат пари! :(

popara13 февруари, 20121min00
Сурова забава за туристите во Тајланд! Деца во ринг се тепаат до крв, само за да заработат пари! :(

Малите борци не покажуваат милост дури и кога нивниот противник лежи несвесен на подот.

Банког – две осум годишни девојчиња од Тајланд, Стам и Пет, се главни ѕвезди во филмот „ Buffalo Girls“, на Тод Келстејн. Меѓутоа, тие не се убавици од модните писти или успешни ученички, тие се професионални спортистки и тоа не какви што можете да замислите. Овие две девојчиња, секој ден тренираат и вежбаат, бидејќи мораат да се подготват за борба. Тие учествуваат во еден од најбруталните спортови во светот, тајландскиот бокс.

„Зборуваме за мали деца кои се тепаат до крв. Нивните борби се популарни и за туристите, па така победникот на крај е наградуван со повеќе пари“, изјавил Келстејн.

Децата, а ги има и помлади од 8 години, се претепуваат во рингот, го ризикуваат својот живот, само за да заработат пари.

Меѓутоа оваа тажна приказна за детскиот живот и борбата за опстанок во очите на бројни американски, британски туристи не значи ништо лошо во тој суров спектакл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag