Пред нешто помалку од 10 години за време на настап поп кралицата Мадона и поранешната поп-принцеза Бритни Спирс имаа страсен бакнеж. Љубовта, барем што се однесува до музиката трае до денес, но пејачките не реализираа никава соработка ниту на новиот албум на Мадона “MDNA”. Според гласините дека во нејзината песна “Girls Gone Wild”, изведувач е и Бритни, Мадона одговори: “Не, но може да ми се приклучи на сцената и заедно со мене да ја изведе, доколку сака”.