Париз, Венеција, Виена, Дубровник…Постојат многу убави градови…а сепак одлуката околу тоа кој од нив е најромантичен…Ви ја препуштаме Вам!
Светот е полн со романтични дестинации- од викторијанските гостилници во Сан Франциско, до симпатичните куќички за чај во Kyotо. Париз веќе долги години е синоним за најромантичен град во светот меѓутоа понудата е голема. Едноставно, постојат многу градови кои романтиката би ја разбудиле кај секого…
Квалитетите во врска со тоа дали еден град ќе го сметаме за романтичен или не, се сепак субјективни. За некои луѓе најромантичен на светот е Буенос Аирес, поради страсното танго и романтичните ресторани.
За други- Будимпешта, поради богатата историја видлива на секој агол. Некои би се одлучиле за мароканскиот град Фес, поради големата мистериозност и необични мириси и вкусови, а други за ладната, но волшебна- Прага. За некои пак совршен би бил Дубровник , поради прекрасните тврдини и тиркизната морска боја….Во чест на празникот на љубовта, Ви претставуваме фотографии од градовите во кои можете да го празнувате овој прекрасен ден…