Станува збор за накит, злато и разни други предмети, како и еден пиштол.
Позатиот телевизиски готвач, Џејми Оливер открил богатство во вредност од 1,3 милиони евра во подрумот од неговиот ресторан, кој се уште не е отворен и се наоѓа во Манчестер.
Работниците кои биле ангажирани за реконструкција на темелите на зградата во која се наоѓа ресторанот на Џејми, пронашле стотици мали сефови. Некои од челичните кутии биле пронајдени во подрумот од ресторанот, а просториите некогаш припаѓале на банка, а се претпоставува дека датираат од 1935 година.
Сефовите кои ги запленила Банката на Англија, бидејќи неможеле да ги идентификуваат сопствениците, содржеле богатство од 1,3 милиони евра.
Џејми Оливер нема да добие ниту мало делче од богатството кое било предадено на Министерството за финансии. Инаку, ресторанот на Џејми Оливер треба да се отвори до крајот на овој месец.