Јелена Карлеуша го дочекала Денот на вљубените без сопругот Душко Тошиќ. Плачејќи. Тој сеуште е на припреми со Црвена ѕвезда во Анадолија, а таа споменатиот празник, кој го слават заљубените во целиот свет го поминала со своите ќерки Атина и Ник.
Јелена својот очај што Душко не е покрај неа, не можела да го сокрие, па тагата ја поделила и со фановите на Facebook.
“А јас уште еден Ден на вљубените поминувам сама, гледајќи во црвени рози. И плачам. Секоја солза ми е како водопад” објавила Каралеуша.
Објавила фотографија со рози чии листови ги допира со прстите. Не се гледа посветата, но нема сомнеж дека Тошиќ ангажирал некоја цвеќара во Белград да и ги испорача овие црвени рози. Обожавателите се обидуваат да и дадат утеха. Барем на Facebook.