Безсмртната класика е повторно тука!

popara15 февруари, 20121min00
1

Изгледот кој што беше модерен пред околу 25 години, денес повторно ја диктира модата во мејкапот. Видете кои се 5-те основни тенденции и обидете се да ги следите!

Совршено права коса – после неколку години во кои владееа обемните кадрици денес правата коса е апсолутниот хит. Сите знаеме како да си направиме таква фризура, но при тоа користете серум за сјај, кој не само што и дава здрав изглед на косата, но и ја штити од термичката обработка.

Темни сенки – идеата на модерните интерпретации на класичниот темен задимен поглед стана денес центар на внимание. Но при тоа треба да знаете, дека ваквата шминка е многу силна и не трпи исто така силен кармин или руж. Најдобро е усните да бидат сосема природни.

Метален сјај – сјајната шминка го доживеала својот врв по време на диско епохата во 80-те години. А денес повторно е тука. Сепак за да изгледате модерно , а не како марсовец треба да нанесете шминка со метален ефект или на очите или на образите, а никако истовремено двете.

Силен кармин во смели бои – правилото овде е ако се решите за кармин во смела боја, какви што се црвениот, портокаловиот, виолетовиот и слично, тогаш очите остануваат чисти без шминка, или пак само маскара на трепките. Карминот е доволно силен сам по себе и нема потреба од други акценти по лицето. Можете да го искомбинирате со лакот за нокти…

Небрежно распуштена долга коса – Кога Ив Сен Лоран кажа „Модата е минлива – стилот е вечен!“ можеби ги имал во предвид токму  овие фризури. Ваквата коса е идеална и за на плажа и за во канцеларија – од утро до вечер. Ова се однесува на оние со долга коса…за нив нема потреба од оформување на косата, природниот изглед е сега модерен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma