Најмалиот камелеон во светот бил пронајден на Мадагаскар, пренесуваат светските агенции.
Минијатурниот камелеон достигнува должина од 29 милиметри, а како што можете да забележите на фотографијата тој лесно може да се смести на едно чкорче.
Научниците од Минхен предводени од д-р. Франк Глау внимателно ја пребарувале природата на Мадагаскар преку ноќ, само за да пронајдат нови видови животни и инсекти за кои се мислело дека се исчезнати.
Минијатурниот камелеон е еден од четирите нови видови кои оваа мисија успеала да ги пронајде.