Не плаши се прв да пристапиш! Љубовта е на страна на смелите!

popara17 февруари, 20121min00
1

Ако во еден момент од времето и пространството сретнете специален човек, за кого чуствувате, знаете, сигурни сте, дека е оној вистинскиот, што ќе направите?

Импулсивно повеќето можеби ќе направат нешто, ќе започнат разговор, ќе го поканат на кафе, ќе направат нешто, било што, за да има контакт и тоа да е почетокот на една убава историја.

Да, така си мислиме импулсивно, но малкумина се навистина смелите, малкумина успеват да ги разбијат нормите, кои најчесто не поразуваат, кога пред нас е Човекот, кого сме го чекале одсекогаш. И така, во тој многу важен дел од време и пространство, по често слушаме молк или низа од исечени безсмислени зборови, речиси пелтачење, гледаме како лута безплодна мисла во нашата глава…Не знаеме што треба да направиме, ниту што да кажеме. Над сето ова делува најмногу стравот. Стравот да не не отфрлат!

Всушност тој нема како да знае дали ти сакаш повторно да го видиш. Нема како да знаеш дали самиот тој не чекал знак и не си мислел дека ако ти пристапи ќе биде сватен како натрапник. Колку многу шанси пропуштаме додека мислиме и анализираме, наместо едноставно да го пуштиме срцето да не води. Во вистинскиот живот бараме, експериментираме, грешиме, започнуваме повторно и повторно, додека го најдеме она што го бараме. Земјата нема да престане да се врти ако не отфрлат, дури и десет пати по ред.

Ако ви се допаѓа некој и сакате да го поканите на кафе, направете го уште сега. Ако сакате да му напишете мајл направете го уште сега. Јавете се! Да, може и да ви откажат, но само помислете – А ако прифати! Никогаш ова нема да го знаеш ако не пробаш! Во Библијата пишува, „Барај за да ти се даде“!

Љубовта е на страната на смелите и уверените во себе луѓе!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag