Треба ли да ја заборавиме големата љубов од минатото?

popara17 февруари, 20121min00
2

Многу од нас чуваат во срцето спомени за големата љубов од минатото. Но како тоа се одразува на нашата сегашност и идните врски?

Животот е како во реклама – убава куќа, кола, добра работа, деца…не некаде таму, како да недостасува емоција и чуство за слобода на избор. Нешто што сме го имале, кога сме ја живееле големата љубов.

Многу жени пазат спомен за една голема љубов. Таа често е идеализирана, украсена, но продолжува да ги тревожи мислите и во сегашноста. Тоа е љубов, која била прекината во најсилната фаза. Таа сега генерира фантазии и жалење за пропуштеното. Често ги проектираме врз стариот партнер нашите сопствени мисли, желби и очекувања и тоа пречи да ја разделиме илузијата од реалноста.

Ние стапуваме во нова врска мислејќи дека отвараме нова страница во животот но всушност ги носиме со себе трагите од минатото. Призракот на минатата љубов може да ја разруши сегашната врска но исто така и да донесе нова енергија и да ја разубави, да ја направи поемоционална…се зависи од тоа какво место и одредуваме на старата љубов.

Наместо да се потопите во илузорниот свет на минатото, подобро помислете што може да направите со сегашната врска, за да биде и таа таква како онаа од минатото која очигледно се уште не ни дава мир…

Големите љубовни истории од минатото придаваат смисла во животот, тврдат психолозите. Тие помагаат да ја изградиме својата лична легенда. Интензитетот на чуствата ни открива да видиме дека сме се допреле до нешто големо, важно и вредно. Важно е да не дозволиме минатото да ни попречи да ја изживееме квалитетно сегашноста.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag