Rachel de Boer го претстави градникот кој ќе го спречи содзавањето на брчки на деколтето и вратот. На оваа идеја таа дошла по осум години спиење со чорапи меѓу градите. Така Тејчел на дошла до идеја да го патентира својот нов градник. Долго време таа не го кажала својот трик, бидејќи и било срам, а денеска модерната верзија на незјиниот изум се продава во поголемиот број продавници во Белгија и Холандија. „La Decollett“ името на градникот, брзо стана хит и ќе го реши проблемот на многу жени. Удобен и лесен за носење, а поради својот облик го спречува стискањето на градите во текот на спиењето, поради кое настануваат вертикални брчки. „La Decollett“ помага бидејќи ги држи градите одделени во текот на ноќта, а истражувањето покажало дека резултатите биле видливи по 24 часа носење.