Најлутата феферонка во светот :)))))

popara18 февруари, 20121min00
ljuta-paprika

Постојат многу видови на супер-лути феферони, но постои и “шкорпија”, пеколно лута пиперка која устата ја претвора во вулкански кратер.

Полното име на овие пиперки кои наликуваат на топки за голф, е „Trinidad Moruga Scorpion“ и нејзиното “загризување” е навистина шкорпијонско.

Експертите од Институтот за проучување на чили пиперките на Универзитетот во Њу Мексико неодамна нејзината врста ја прогласиле за “најлутата” во светот.

“Шкорпија” има повеќе од 1,5 милиони единици, а некои од нејзините примероци можат да достигнат дури и 2 милиони шкорпиови единици. За споредба, класичен Табаско сос има од 2.500 до 5.000 од овие единици кои служат за мерење на лутина.

-Кога ќе ја загризете пиперката, не ви се чини ништо посебно, но потоа лутината почнува да расте и расте и тогаш станува гадно, вели АП Пол Босланд, експерт за феферони и директор на Институтот за чили пиперки, додавајќи дека луѓето кои ги берар морале да навлечат по неколку пара гумени ракавици.

Досегашниот рекорд за лутина, го држела индиската пиперка Бут Џолкија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma