Една нова студија идентификувала стотици нови острови ширум светот. Научниците преку сателитски снимки и топографски карти откриле многу нови острови. Најновата студија од таа област открила дури 657 нови острови, со што сега вкупниот број на острови во светот изнесува 2149, според објавениот извештај на LiveScience. Ваквите острови имаат тенденција да се појавуваат во вид на синџири, формирајќи серии од мали пространства паралелно со крајбрежјата кои изобилуваат со песок и седиментации кои се создавале со текот на времето.