Началникот забранил кукурикање и лаење, казна 100 евра!

popara19 февруари, 20121min00
1

Младен Сумина, началник на општина во Словенија им забранил на кучињата и петлите да лаат односно да кукурикаат од 22:00 до 06:00 наутро. Исто така им запретил на нивните сопственици, дека ако нивните животни го прекршат ова правило, ќе мораат да платат 100 евра казна.

Началникот ова правило го вовел поради зачуваување на јавниот ред и мир. Тај наведува дека порано примал многу поплаки и жалби од жителите поради лаењето на кучињата и кукурикање на петлите. Па, затоа сопствениците ќе мораат да ги држат под контролакучињата треба да се тренираат. И јас со години чувам куче, знам како стојат работите со нив, изјавил началникот и додал дека во општината има неколку жители со пробелми со срце за кои лаењето во текот на ноќта може да биде опасно по живот.

Сопствениците на животните се снаоѓаат како знаат. Некои своите кучиња ги заклучуваат во гаражи, а некои имаат подготвено пари во случај да одлучат да им ја наплатат казната.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag