Најсреќниот човек на светот не е оној…

popara20 февруари, 20121min00
mask

Чаша кафе

„Најсреќниот човек на светот не е тој што нема проблеми, а оној што ќе научи да живее со работите – кои се далеку од идеални.“

Група дипломирани одавна, сега утврдени во своите професии студенти се собрале, за да го посетат бившиот професор од универзитетот. Разговорот наскоро се претворил во низа од жалби односно стресот во работата и животот.

Откако им предложил на гостите кафе, професорот влегол во кујната и се вратил со големо ѓезве кафе и множество различни чаши. Тие биле порцелански, пластични, стаклени, кристални, некои изгледале обично, други скапо, трети префинети. Им предложил да си сипат од кафето.  „Ако забележавте, сите убави чаши и тие што изгледаа скапо беа земени уште веднаш, а обичните и евтините останаа недопрени. Додека продолжувате да го сакате само најдоброто за себе, тоа ќе биде извор на стрес и проблеми. Бидете сигурни дека самата чаша не го менува квалитетот на кафето. Во повеќето случаи прави да изгледа поскапо, а понекогаш крие што всушност пиеме. Тоа што сите сакавте беше кафе, не чаша, но секој од вас несвесно ја посака најубавата чаша. А после почнавте да ги гледате чашите на останатите…“

Сега размислете за тоа, рекол професорот – „Животот е кафето, а работата, парите, социалната положба се чашите. Тие се само инструменти, видот на чашата што ја имаме не го определува ниту го менува квалитетот на кафето. Понекогаш концентрирајќи се на чашата, забораваме да се насладиме на кафето, што Бог ни го дал…Насладете се на кафето!“

Најсреќните луѓе не го поседуваат најдоброто од се. Тие само создаваат најдобро од она што ги заобиколува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma