Изгледа дека нема доволно земјиште за да ги задоволи потребните на светската популација, па наскоро ќе треба да се градат и градови на вода.
Пловечките градови се концепт на архитектонската куќа Винсент Калебо. Станува збор за самоодржлив град кој плови на вода и кој, според плановите, треба да ја обиколува планетата за две години. Во пловечкиот град се осмислени сите погодности, како огромни шопинг центри, факултети, болници, кина, театри, дискотеки…
Апартманите во овој град се со цена од 120.000 долари до 11 милиони долари, во зависност од големината. Па, доколку ви се чини интересно да живеете во град/брод/остров, тогаш еве ви можност!