Младата актерка и пејачка Demi Lovato, која неодамна зборуваше за нејзината борба со анорексијата, булимијата и самодовербата призна дека има проблеми и со биполарното растројство.
Таа дознала за својата болест откако отишла на рехабилиотација. Кога ќе погледнам наназад мислам дека тоа има навистина смисла. Имав ноќи кога останував будна и работев напорно без контрола. Но сега го имам мојот живот под контрола, изјавила Demi.