Eluga – водоотпорниот смарт телефон на Panasonic

popara24 февруари, 20121min00
6627824584f426ff8d2793304531474_orig

Веќе некое време се знае дека оваа пролет Panasonic влегува на европскиот пазар на смарт телефони.

Тоа што на корисниците ќе им го понуди, сега доби и свое официјално име – Eluga.

Се работи за 4,3 инчен смарт телефон, екран со резолуција од 960 х 540, „многу лесен”, велат од Panasonic, а уредот е отпорен на вода и прашина.

Останатите технички спецификации, за жал, сеуште не се познати, но би требало наскоро да бидат објавени, заедно со плановите на оваа компанија за 2012 година, откако ќе имаме повеќе информации за уредите на Panasonic кои ни стигнуваат оваа година.

Не се знае, исто така, ни на која верзија на Android ќе работи Eluga, а телефонот ќе биде достапен од март.

Инаку, Panasonic порано најавуваше дека целта на компанијата до 2016 е да продаде 9 милиони смарт телефони во Европа, Азија и Кина и 6 во Јапонија и САД.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma