Новите модели на Nokia дебитираат во Барселона

popara25 февруари, 20121min00
images

Третината од Windows Phone 7 смарт телефоните се модели на Nokia, се вели во извештајот на компанијата Strategy Analytics за последниот квартал на 2011 година.

Со тоа Nokia стана најголемиот производител на WP7 телефони, и тоа само неколку месеци откако се преставени првите модели.

Дали Windows Phone беше вистинскиот избор за Nokia, ќе видиме во наредните месеци, во кои треба да искочат новите модели на Nokia.

На овогодинешниот MWC саем во Барселона, Nokia би можела да ги претстави моделите Nokia Lumia 900, чија американска верзија е претставена на CES, и Lumia 610, уред за кој пред неколку дена се појавија првични информации.

Токму тој модел би можел да биде првиот кој ќе работи на Tango верзија на WP7 платформа, а ќе спаѓа во средната ценовна категорија. Lumia 610 би можела да има 3,7 инчен екран, камера од 5 мегапиксели, процесор на 800 мегахерци и 256 мегабајти RAM меморија, и како и другите Lumia модели, ќе биде достапен во повеќе модели.

Освен оваа Lumia, последните денови се зборува и за наследникот на моделот N8, Nokia 808 PureView, кој ќе биде првиот смарт телефон со Nokia PureView технологија. Овој модел би можел да има дизајн сличен на Lumia 900, и двојадрен процесор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma