Највлијателните 100 личности во светот за 2011 година

popara22 април, 20111min00
wikileaks-julian-ansanz

Луѓе до неодамна непознати, доживеаа светска слава по востанието во Египет и по катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија, па така се најдоа во рангирањето на магазинот “Тајм“ на листата на стоте највлијателни личности во светот за 2011 година.

На листата, полна со познати имиња како што е на пример основачот на “Фејсбук“ Марк Цукерберг и првиот човек на “Викиликс“, Џулијан Асанж, може да се најдат и не толку многу популарни имиња, како на пример Ваел Гоним, египетски интернет активист, кој помогнал во уривањето од власт на Хосни Мубарак. Меѓу 100-те највилјателни личности во светот е и Такеши Кано, јапонски лекар, кој одбил да напушти повредени луѓе по природната катастрофа во земјата.

“Навистина се обидуваме да раскажеме истории преку судбините на луѓето. . . Констатиравме дека тоа е фантастичен начин да ги натераме луѓето да мислат на она што се случува низ целиот свет“, изјавил заменикот на главниот уредник на “Тајм“, Мајкл Елит.

На списокот има светски лидери, како британскиот премиер Дејвид Камерон, францускиот претседател Никола Саркози и германскио тканцелар Ангела Меркел. Меѓу стоте највлијателни личности во светот е и американскиот конгресмен Габриел Гифордс, која оживеа окако беше застрелана во главата, пред извесно време во Аризона, како и затворениот кинескик уметник Ај Вејвеј, награден за својата “храброст и творечки умеења“.

Спортскиот свет е претставен преку аргентинскиот фудбалски феномен Лионел Меси, и капитенот на индиската репрезентација во крикет, Махендра Сингх Дхони, чија харизма и лидерска способност ги обединија етнички различните играчи на патото до светската титула.

Трет пат по ред година јужнокорејската поп ѕвезда Рејн е “Изборот на луѓето“.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag