Yahoo: Faceboоk ги користи нашите патенти

popara29 февруари, 20121min00
facebook-yahoo

Yahoo бара од Facebook да плаќа одреден надомест за патентите кои ги користи, а кои се однесуваат на механизмите на работењето на рекламите, News Feed и системот на пораки, пренесува Ројтерс.

Изворот на оваа агенција тврди дека претставниците на спомнатите компании се состанале вчера и преговарале за десет до дваесет патенти на Yahoo, а колку пари бара оваа компанија, засега не е познато.

Од Yahoo за Ројтерс потврдија дека преговараат со намера да ја заштитат својата интелектуална сопственост, но и изјавиле дека нема да изостане процес пред судот, доколку за тоа има потреба.

Од друга страна, од Facebook велат дека сеуште не стигнале да направат проценка на барањата на компанијата Yahoo.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag