Шпанското село Раскени одлучило земјиштето да го изнајми за одгледување на канабис за да ја подобри финансиската состојба по кризата, објасни локалниот советник Хозе Марија Инсаусти.
„Планот на делувањето против кризата во 2012 година во Раскени, на североистокот на земјата, се предвидува „основање на јавно претпијатите за да им се помогне на сопствениците на земјоделските добра да ги изнајмат на „легалното здружение на потрошувачите на канабис”, објасни Инсаусти, а пренесе AFP.
Приватната побарувачка на дрогата не е кривично дело во Шпанија, за разлика од нејзината продажба.
Заедницата на Барселона за приватно потрошувачка на канабис која би требала да го склопи договорот со заедницата сака да одгледува канабис за своите 5.000 членови.
„Приближно би им требало осум хектари”, рече Инсаусти.
Како бројни шпански места, селото со 900 жители е во големи проблеми со долг од 1,3 милиони евра.