Американецот со хрватско потекло кој ја глумеше главната улога во неколку филмови за Тарзан е уапсен на Флорида затоа што официјалните лица на агенцијата за заштита на диви животни заплениле два тигри и леопард од неговиот дом, јавија американските медиуми.
Официјалните лица на агенцијата изјавиле дека Стив Шипек (70), Хрват кој во 1959 година емигрирал во Канада, немал дозвола за држење на егзотични животни на својот имот во Локсахатчеј на Флорида.
Шипек тврди дека лицата од агенцијата го третираат „како криминалец”, иако ги платил сите потребни осигурувања. „Имам животно на кого му треба нега. И треба лек два пати дневно, а сега ми ја земаа. Кој сега ќе се грижи за неа?”, се запраша Шипек, пренесуваат медиумите.
Шипек е познат како љубител на диви животни, а вниманието на јавноста ја привлече во 2004 година кога еден од неговите тигри избега од неговиот имот, па беше застрелан.