Македонија триумфираше на Балканскиот Куп

popara22 април, 20111min00
h

Женската ракометна репрезентација на Македонија славеше против Црна Гора во финалниот меч од Балканскиот Куп, одигран вечерва во СРЦ „Кале“.

Нашите ракометарки одиграа две различни полувремиња, првиот дел им припадна на Црногорките, кои на одмор отидоа со предност од 7:13, но во второто полувреме многу подобра игра на нашата репрезентација донесе конечен триумф од 23:22.

Во нашата селекција Бајрамовска постигна 8 гола, Георгиевска 4, Мечевска 3 , а со 10 одбрани Андреева беше фантастична на голот на Македонија. На спротивната страна Катерина Булатовиќ и Милена Кнежевиќ постигнаа по шест погодоци.

Потсетуваме, вчера нашите ракометарки имаа само полесен тренинг против аматерската селекција на Бугарија и лесно стигнаа до убедлива победа од 41:19.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag