Државниот врв и партиите со честитки за Велигден

popara23 април, 20111min00
3
По повод големиот христијански празник Велигден, државниот врв и политичките партии упатија честитки до сите оние кои ги празнуваат овој празник.
“Во овие празнични денови ми претставува особено задоволство на сите христијани да им го честитам претстојниот голем празник, празникот над сите празници – Воскресението Христово-Велигден. Ви посакувам да го поминете во добро здравје, благосостојба и среќа, споделувајќи љубов и топлина со вашите најблиски и исполнети со мир и спокојство. Нека и овој Велигден биде инспирација да ги сакаме ближните повеќе од самите себеси и не штедејќи се да го следиме патот на вистината и светлината“,  пишува во честитката од претседателот Ѓорѓе Иванов.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ посакаа среќни и бериќетни велигденски празници, исполнети со разбирање, благодет и спокој во секој дом.
“Во овие убави денови на празнување, кога целиот христијански свет го празнува најголемиот христијански празник  Воскресението Христово – Велигден, ВМРО-ДПМНЕ им посакува на сите граѓани големината и духовната вредност на овој празник да ни даде силна верба, разбирање, заеднички соживот, мир и толеранција меѓу луѓето“, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
Со желби за добро расположение и убави моменти во кругот на најблиското семејство, велигденска честитка до верниците испратија и од СДСМ.
“Овој голем ден, и оваа година, како и секогаш до сега, нè потсетува дека е потребно континуирано вложување во јакнењето на меѓуверскиот дијалог, промоцијата на мултикултурната и мултиконфесионална соработка и соживот на сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка и национална припадност. Во оваа прилика сакам да изразам уверување дека Македонската православна црква и понатаму ќе продолжи со посветеноста и негувањето на овие вредности на кои се темели македонското општество“ ,  се вели во честитката на Социјалдемократите.

Извор: Нетпрес

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag