Волшебна комбинација: Мед и цимет како диета и како лек

popara8 ноември, 20141min00
7

Оваа уникатна формула има изразено и докажано силни својства за здравјето и за намалување на килограмите. Ваквиот домашен еликсир учествува во регулацијата на шеќерот во крвта, лекува тешки габични инфекции, прекрасен извор е на растителни влакна, железо и калциум, а содржи и многу полифеноли и антиоксиданси кои од своја страна пак спречуваат појава на тумори и карциногени форми. Оваа чудотворна комбинација ги убива паразитите и штетните бактерии во дигестивниот тракт.

А еве како делува во процесот на слабеење – смесата се приготвува од еден дел цимет и дупло повеќе мед. Најпрво циметот се попарува со врела вода и се остава така 30 минути. Медот се додава откако водата ќе се олади. Значи ако има една лажичка цимет, треба да има две лажички мед, а вода околу половина  литар. Смесата се пие наутро на гладно и навечер пред легнување. Освен што помага за намалување на килограми, оваа формула ќе го прочисти темелно вашето тело. Во текот на денот избегнувајте благо, шеќери, мрсна храна, пржена, а вклучете овошје и зеленчук неколку пати во текот на денот.  Освен ова, пијте и зелен чај кој ќе го забрза процесот на разградување на масните наслаги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag