
Познатата наследничка Тамара Еклстоун во интервјуто за магазинот Fabulous изјавила дека нема потреба да се извинува затоа што е богата и со читателите ги поделила фотографиите на кои открива скоро сè.

Ќерката на милијардерот сопственик на Формула 1 Берни Еклстоун изјавила дека не ги перцепира критиките дека е татина мала богаташка.
“Немам потреба да се извинувам за тоа што сум и што имам. Нема да кријам. Повеќето луѓе во моја позиција веднаш би отишле во шопинг и не би престанале да купуваат”, изјавила Тамара.
Неодамна, таткото Ерни изјавил дека е незадоволен од начинот на кој се однесуваат неговите ќерки кон парите кои тој ги заработил, но тоа очигледно не допира до нив.