Дали може Britannica и Wikipedia да коегзистираат заедно?

popara16 март, 20121min00
2639406774f60516d37d55731267796_orig

По 244 години постоење печатеното издание на енциклопедијата Britannica повеќе нема да постои на хартија.

Од сега ќе постои само дигитално издание, а Џорџ Коз, претседателот на Енциклопедијата Britannica, вели дека веројатно сето ова ќе биде наречено крај на една ера, и дека тој не е тажен и носталгичен.

На интернет, Britannica има многу силна конкуренција. Четири милиони статии на англиската верзија на Wikipedia, во споредба со 120 илјади колку што има Britannica, која чини 30 долари доколку сакате DVD издание, или пак 70 долари годишна претплата.

Сепак, Коз смета дека овие две платформи мора да коегзистираат заедно, затоа што имаат различни улоги.

„Не можеме да го обработиме секој лик од цртаниот филм и љубовниот живот на секоја позната личност. Но мораме да имаме алтернатива за таму каде што фактите се навистина важни. Britannica не може да биде голема, но секогаш мора да биде заснована на факти”, изјави Коз.

И покрај нејзината репутација, печатеното издание беше заслужно за само 1 процент од приходите, вели Коз, додека онлајн верзијата носи 15 проценти приходи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag