Куќата на Џуди Гарланд на продажба за 7 милиони долари
15 март, 20120
Вилата во Бел ер првично беше изградена за детето ѕвезда Џуди Гарланд во 1938 година, откако таа се прослави со улогата во култниот филм Волшебникот од Оџ. Тогаш детето ѕвезда имаше само 16 години.
Од тогаш па до денеска куќата неколку пати била преуредувана, реновирана, а на пазарот за недвижности се појави по цена од 7,1 милиони долари.
Оваа вила нуди голем имот и двор, 5 спални соби, 6 бањи, прекрасна кујна, канцеларија, библиотека, голема дневна соба. Дворот е прекрасно уреден и има базен.