Со здрав разум до губење килограми

popara24 март, 20121min00
35y

Специјалистите за исхрана обрнале внимание на поговорката„вие сте тоа што јадете“, истакнувајќи дека се е во начинот на кој размислувате….

Нутриционистот и специјалист  Џенет Томсон открива дека режимот на исхрана и вежбањето  може лесно да пропаднат доколку не размислуваме на прав начин.

„Помеѓу разумот и телото се одвива непрекината комуникација, но разумот е многу поважен бидејќи тој управува со вашето однесување“, изјавила таа.

Авторката на книгата пак, „ Think More, Eat Less“ смета дека негативните пораки кои ги прима вашиот мозок како на пример некој кога ќе ве нарече „буцка/о“, може да ги саботираат напорите да ја намалите тежината и да јадете поздрава храна.

За да ја надминете менталната битка и да ги задржите здравите емоции кон храната, Џенет ги поттикнува луѓето да размислуваат на тоа што постигнале и на она што сакаат да го постигнат во иднина.

Во духот на класичната диета престанете да ја гледате храната како награда и немојте да се присилувате на глад. Напротив, Томсон советува дека храната треба да ја гледате исклучиво како гориво за телото.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma