Потребни состојки:
4 млади тиквички
200 гр. сланина
Зачини по вкус
4 жолчки
200 мл.неутрална павлака
70 гр. рендан пармезан
300 гр. фетучини
Припрема:
Излупете ги тиквичките, отстранете го средишниот дел и исецкајте ги на парчиња. Сланината исецкајте ја на коцки и пропржете ја, па во тавчето испржете ги тиквичките додека да омекнат. Потоа тргнете го тавчето од оган и зачинете по желба.
Сварете ги фетучините, па исцедете ги. Изматете ги жолчките со павлаката, па додадете го пармезанот во смесата и промешајте.
Во тавчето ставете ги фетучините, додадете го сосот со павлака и промешајте. Потоа на чинии за сервирање ставете дел од фетучините и украсете ги со гранче нане. Добар апетит!