Градскиот менаџер од Тексас си се заблагодарил сам на себе за соработката и заминал од работа.
Ден О′Лири од Келер, Тексас проценил дека е вишок на работното место, па затоа си дал отказ сам на себе.
О′Лири кој има 57 години, на местото градски менаџер бил од 2007 година, а позицијата ја дели со уште двајца асистенти. Тој за локалните весници изјавил дека според негова проценка, на градот со 40.000 жители не му се потребни тројца луѓе на тоа место и затоа си дал отказ.
На крај додал дека е млад за во пензија и дека ќе бара друга работа.