Светлана Цеца Ражњатовиќ повторно се појави во судот за прв пат откако и истече казната домашен притвор. Со оглед дека судењето беше повторно одложено, а и претстои и сослушување со Јелена Карлеуша, Цеца сеуште ќе се дружи со судиите…
Кога пред два месеца се појави во судот, Цеца доби подароци од фановите. Но, и сега кога се појави во судницата не излезе со празни раце: цвеќиња, големи кадифени срца, кадифена Коала…се само дел од подароците што Цеца ги доби.
Судењето на пејачката и нејзиниот зет, врз основа на обвиненијата дека му се заканувале и физички дека го нападнале Александар Оларевиќ, повторно беше одложен, поради истата причина – Предраг Оцоколиќ е болен.
Без сомнение, на следното појавување во суд, Цеца повторно ќе добие подароци…