iPhone 5 ќе има поголем екран од iPhone 4S!

popara26 март, 20121min00
iphone-5 bigger screen

Новиoт iPhone ќе има поостар и поголем Retina екран со големина од 4,6 инчи и ќе се појави на пазарот во второто тромесечие на оваа година, објави Ројтерс цитирајќи извори од Кореа.

Продажбата на iPhone, кој прв пат беше претставен во 2007, зафаќа околу половина од вкупните продажби на Apple.

Apple се одлучи на поголем екран и веќе ги испрати првите нарачки до нивните добавувачи, се вели во дневниот весник Maeil Bussines во Јужна Кореа, цитирајќи неименуван „индустриски извор”.

Главните добавувачи на екрани на Apple, LG Displays и Samsung Electronics, одбиа да коментираат на оваа гласина.

Samsung, кој е еден од најголемите конкуренти на Apple на пазарот на паметни телефони исто така користи 4,6 OLED екран за неговата линија на мобилни Galaxy II, кои се појавија на пазарот во април минатата година.

Retina екранот има висока резолуција и содржи неколку пати повеќе пиксели во истата област. Тој се користи на најновиот iPad, кој неодамна беше претставен на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag