Доказ за тоа колку креативни може да бидат некои луѓе е Гаел Виледари. Тој го креирал овој прекрасен зелен ќилим кој се простира низ француското село Жужак.
Ќилимот е составен од 3,5 тони природна трева која се простира на околу 430 метри низ целото село. Проектот беше развиен за да го поврзе срцето на селото со околната природа и тоа со цел да се прослави десетгодишнината од неговите програми за уметноста и природата. Самата патека е опишана како „парче природа дизајнирано да создаде единство помеѓу човекот и природата преку уметноста”. Прекрасно!