Актерот Доналд Сатерленд доживеал клиничка смрт и видел “бела светлина на крајот од тунелот”.
-Тоа се случило во 1970 година кога во поранешна Југославија шест недели го снимал филмот “Kelly’s Heroes”. На снимањето многу се разболев и ме сместија во болница. Имав тежок менингитис, а бидејќи во болницата немаа антибиотици, паднав во кома, раскажува 76 годишниот актер.
-Ми рекоа дека на неколку секунди сум доживеал клиничка смрт на која дури и се сеќавам. Имав впечаток дека гледам син тунел низ кој се симнувам осветлен со бела светлина. Физичкиот впечаток беше како ми се згрчени стопалата во креветот и како смртта да ме одвлекува.
Очигледно дека сум успеал! Тогаш едноставно сеуште не ми се заминуваше, но морам да признаам дека беше многу предизвикувачки и во еден момент помислив и “зошто да не?” – признава Доналд.