
Ви представувам една кратка, лесна и ефикасна 3-дневна диета, која ќе ви помогне да влезете во идеална форма.
Ден 1
Мисија: да се снабдиме со витамини и енергија!
Наутро 1 чаша зелен чај со мед и лимон, парче црн леб и малку сирење и 1 портокал. За ручек пилешко со грашок. Вечера – риба на скара, салата од зелка и моркови, 1 јаболко.
Ден 2
Мисија: Здрави коски со повеќе калциум!
Наутро овесни јатки со млеко. Напладне парче црн леб со кашкавал. Вечера спанаќ на пареа.
Ден 3
Мисија: Да се погрижиме за доброто расположение со помош на храната!
Наутро 1 банана и чаша зелен чај. За ручек омлет од 2 јајца со сирење и зеленчук. Ужина грст лешници. Вечера – супа од зеленчук и свежа салата.
Секој ден пијте околу 2 литри вода и движете се повеќе!
Ви посакувам успех!