Витамин А – еликсир на младостта

26 март, 20120
a

Витаминот А е силен имуностимулатор, а е наречен еликсир на младостта поради чудотворниот ефект врз кожата и се нарекува уште витамин на растот. Тој не се произведува од организмот, па затоа треба да се внесува преку храната. Но не треба да се прима во големи количини поради опасноста од хипервитаминоза. Недостатокот на витамин А во организмот води до косопад, сува и кршлива коса, груба кожа, проблеми со очите, забавен раст и др.

Го стимулира создавањето на колаген, поради што се смета дека ретинолот има способност да ја одржува еластичноста на кожата подолго време.

Богати со витамин А се и животинските и растителните продукти – јајца, црн дроб, млеко, рибино масло, јаболки, праски, кајсии, сливи, моркови, тиква, домати и повеќето цитруси.  Витаминот А е силен антиоксиданс што го штити организмот од штетните влијанија на надворешната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *