Се наоѓате на Вашето работно место и размислувате за далечно бегство ? Со нетрпение го очекувате годишниот одмор? Ако сте тип кој ужива во морето и водните пространства, следниве дестинации гарантирано ќе Ви се допаднат…
Меѓу деветте најубави „ водени “ дестинации со врвни хотели, се наоѓа Rock House Hotel на Јамајка. Хотелскиот комплекс е сместен на карпи, а под нив се протега прекрасното море.
Gaia Hotel во Костарика, преку преубавата природа овозможува задоволство во разните животински видови, а паралелно со морето, убава глетка создаваат и неверојатните планини.
На калифорнискиот брег се наоѓа еден од најубавите хотели, кој на изглед, потсетува на Шкотска. Станува збор за Ritz- Carlton, кој ја доби титулата за еден од најдобрите хотели на светот.
Jade Mountain во Санта Лучија е пример за место кое никако не ги признава технологиите. Таму, по никоја цена нема да гледате телевизија и нема да сурфате на интернет. Едноставно, ќе се препуштите на карипското море и тропските шуми.
Joule во Далас има базен на десеттиот кат од кој се овозможува неверојатен поглед на градот. Базенот е поставен така што капачите имаат чувство како да се наоѓаат на работ од зградата.
Monterey Plaza во Monterey Bay, Калифорнија е хотелот сместен во самата плажа, така што гостите можат да се будат со мирисот и шумот на брановите. Освен морскиот воздух, во близина се и делфините, кои не се плашат од луѓе.
Trapp Family Lodge се наоѓа во Вермонт, а природата потсетува на сцени од познатиот филм „ My songs, my dreams “.
Уште еден од најдобрите хотели во Костарика, односно на највисоката точка Мануел Антонио. Хотелот La Mariposa има поглед на Пацифичкиот океан, рибарското место Quepos и националниот парк Мануел Антонио.
На Јамајка се наоѓа и драгоцениот камен The Caves. И тој е сместен на карпи и овозможува фантастичен поглед на морето и околната природа.