Во Австрија е воведено ново, единствено осигурување, кое би требало да ја покрие финансиската штета предизвикана од откажувањето на венчавката.
Доколку на закажаната венчавка се повикани на пример 200 гости, има подготвено богата трпеза, венчаницата е сошиена, и од било какви причини венчавката неможе да се одржи, осигурувањето може да помогне.
Дури и ако еден од партнерите каже „не“ пред матичарот или свештеникот, осигурувањето ќе исплати 1000 евра.
Осигурителната компанија VAV Versiherungs AG соопштила дека од овој месец луѓето ќе може да го користат овој тип на осигурување.