Познатата манекенка открила некои мрачни тајни од своето детство…
Познатата манекенка и ангел на Victoria’s Secret, Кендис Свенепол открила дека децата на училиште ја злоупотребувале бидејќи имала помала градба од останатите. Но оваа 23 годишна јужноафриканска убавица вели дека нашла совршен начин како да им се освети.
Почнала да се занимава со манекенство и така на сите им покажала колку е убава и успешна.
-Една подина пред да ме откријат, постојано ги следев програмите кои се бават со мода. Во училиште ме задеваа, бидејќи бев слаба и чудно изгледав, но девојките на телевизија беа слични на мене, изјавила Кендис.
Овој преубав ангел веќе 6 години е во врска со бразилскиот манекен Херман Никол, а вели дека пораките на социјалните мрежи можат најмногу да ја расположат, бидејќи и ги испраќаат луѓето кои ја сакаат.
http://www.youtube.com/watch?v=Em_IqWSjpZ0&feature=player_embedded