Потребни состојки:
За кафеавиот дел:
150 гр. шеќер
1 дл. вода
50 гр. чоколадо
125 гр. маргарин
150 гр. мелени бисквити
150 гр. мелени ореви
За белиот дел:
125 гр. маргарин
200 гр. млеко во прав
200 гр. шеќер
0.5 дл вода
Припрема:
За долниот дел истопете го шеќерот со водата, додадете го чоколадото со маргаринот, па кога ќе се стопат тргнете ги од оган и додадете ги бисквитите и оревите. Обложете ја правоаголната тава со прозирна фолија, па претурете ја смесата и рамномерно распоредете ја.
За белиот дел ставете шеќер да се растопи со малку вода, па изматете го млекото во прав со маргаринот. Потоа во изматената смеса пополека додавајте го стопениот сируп од шеќер и постојано матете со миксер. Со белиот фил прелијте ја бајадерата.
Декорирајте со растопена чоколада. Бајадерата оставете ја неколку часа да се излади и стегне во фрижидер. Добар апетит!