Состојки:
- 1 домат
- 30мл маслиново масло
- 1 јајце
- 2 чешниња лик
- 130гр презла
- 90гр пармезан
- 90гр фета сирење
- Магдонос
- Масло за пржење
Подготовка:
Исечете го доматот на кругови со дебелина од 1см. Загрејте ја рерната на 190 степени. Премачкајте ги парчињата домат со маслиново масло, распоредете ги на хартија за печење и печете ги 20 минути или додека не добијат златна боја.
Исецкајте го испечениот домат и додадете го во чинија со благо матени јајца, пире од лук, магдонос, презла, рендан пармезан и парчиња фета сирење. Додадете сол и бибер по вкус и добро промешајте. Оставете ја смесата да отстои 20 минути. Ако смесата е премногу ретка додадете уште презла.
Поделете ја смесата во осум топчиња и благо сплескајте ги. Во чинијата додадете брашно, сол и бибер. Уштипците тркалајте го во брашното и истресете го вишокот.
Пропржете ги уштипците во масло околу една минута од двете страни додека не добијат златна боја. Исцедете ги на салфетка и послужете ги топли со јогурт.