Само еден месец откако Зое Салдан беше забележана на прошетка заедно со мајка му на Купер, парот од холивудските соништа откри дека се разделува!
Тримесечната врска, наводно ја прекина Бред. “Ја остави бидејќи во моментов не сака да биде во врска”, изјави извор близок до парот.
Кружат приказни според кои и двајцата врската не ја сфаќале за премногу сериозна. Ова особено важи за Зое, имајќи предвид дека неодамна прекина десетгодишна врска со Кеит Бритон и веднаш падне во рацете на Купер.
Салдан ќе се најде на листата на познатите поранешени девојки на Бред, меѓу кои се и Рене Зелвегер, Оливија Вајлд и Џенифер Лопез. Се прашуваме која убавица ќе биде следна.