Две сестри близначки од провинцијата Јунан се одлучиле на хируршки зафат за промана на полот и со тоа станале првите транссексуални луѓе во Кина. По операцијата, која е изведена од лекарите на воената болница во Шангај, се чувствуваат многу добро.
“Двете близначки добро ги поднеле операциите кои биле успешни. Напорно работеле и заштедиле пари за да го остварат својот сон, промена на полот”, изјавил главниот хирургЖао Једе.
Лекарите образложиле дека сестрите се облекувале и се однесувале како момчиња и пред операцијата и се заколнале дека никогаш нема да се омажат.
Една од сестрите рекла дека не сака никаков публицитет поради страв да не ја изгуби работата.